23 год девојка купила забранети апчиња за слабеење на нет – починала од нив


Опседната со тежина , 23-годишната студентка по медицина Сара Хјустон, е една од 62-те жртви на забранетите апчиња за слабеење.
apcinja smrtИако му кажалa на својот доктор дека нејзината булемија е под контрола, таа продолжила тајно да ги пие апчињата кои се забранети и опасни. ДНП или динитрофенол  е пестицид кој што е најефективен, но најопасен за слабеење и иако е забранет за продажба, може да се купи на Интернет како капсули за намалување на тежината.
Сара била пронајдена мртва од страна на цимерката, ден откако одбила да оди на лекар иако и било многу топло и лошо. Обдукцијата на нејзиното тело покажала дека апчињата и комбинирањето со антидепресиви се причината за смртта .
Овие апчиња за слабеење прв пат се лансирани во 1930 година, но набрзо се забренети поради смртните случаи.
Динитрофенолот е пестицид кој што е забранет уште од 1938 година, но на Интерент странциите може да се купи под различини имиња бидејќи дава одлични резултати при слабеење.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1