Свештеник ќе стане жена – за промена на полот подршка има и од црквата (Фото)


За прв пат во историјата на баварската Евангелистичка црква еден свештеник излезе во јавноста дека целиот живот се чувствувал како жена – и доби огромна поддршка!

svestenik zena

Tој/таа одлучил дека ќе го промени полот и иако има подршка и од колегите од црквата кои му кажале дека нема потреба да дава отказ, тој сепак по операцијата ќе ја напушти црковната служба.

,,Сакам да ви речам нешто многу лично. Моите последни години беа многу тешки, се чувствувам како да поминав низ пеколот. Но сега сакам да ја кажам вистината: јас сум една транссексуална жена! – вели свештеникот Андреас Зволфер.

svestenik zena2Говорот на свештеникот го слушале верниците во мала црква. Штама настанала по неговото признание.

Но набргу потоа стигнала неочекувана поддршка и разбирање од верниците кои се противат на тоа свештеникот да ја напушти својата функција во црквата.

За Дојче Веле Андреас Зволфер ја раскажа својата животна приказна. Дека на 5 години ја прашал својата мајка кога ќе може да има деца, а таа му рекла дека тој е момче и никогаш не ќе може да ги роди. Бил многу тажен.

svestenik zena3

Долго време мислел дека е психички болен. Со никого не смеел да зборува дека се чувствува како жена.

Добил огромна поддршка од сопругата. Неочекувано, откако признал како се чувствува, пристигнало разбирање и од верниците а и од Евангелистичката црква.

Неговиот наследник Зигфрид Стелцнер изјави дека црквата и понатаму ќе го поддржува Зволфер во неговиот професионален и приватен пат – пишува Дојче Веле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1