Чуда навистина се случуваат – Поучна приказна


Ова е вистинска приказна која ќе ве научи дека чудата навистина се случуваат. Потребна е само искрена верба и обид да се дојде до чудото, колку и да изгледа невозможно и нереално.

album-cmon-miracleОсумгодишната Ана ги слушнала родителите како разговараат за нејзиниот мал брат. Момчето било многу болно, а родителите немале доволно пари за да ја платат операцијата, па тажно разговарале дека единствено чудо може да им помогне.
Ана ги извадила нејзините пари од касичката, внимателно ги изброила и отишла во најблиската аптека.
Аптекарот не ѝ обрнувал внимание бидејќи разговарал со еден културен господин.
„Ве молам” – рекла Ана – „Сакам да купам чудо за мојот мал брат. Колку чини едно чудо? ”
„Девојче, ние не продаваме чуда. Остави ме, разговарам со мојот брат кој не сум го видел долго време” – налутено возвратил аптекарот.
Братот на аптекарот го погледнал девојчето и љубезно го запрашал: „Какво чудо ти е потребно?”
„Не знам” – одговорила Ана. „Мојот брат е многу болен, но немаме пари за лекар. Јас имам 1 долар и 11 центи, можам ли да купам чудо со нив? ”

„Да” – одговорил човекот.
„Имаш сосема доволно пари за да купиш чудо”.

Љубезниот странец бил прочуен хирург од Чикаго. Отишол во куќата на девојчето, разговарал со родителите и организирал бесплатна операција за болното момче.
По операцијата, Ана ја слушнала мајка си како вели: „Операцијата беше вистинско чудо, се прашувам колку ќе чинеше ако требаше да платиме? ”
Ана задоволно се смешкала. Таа знаела дека чудото чинело 1 долар и 11 центи, но она што не го знаела е дека токму нејзината верба и упорност биле вистинската цена за чудото кое го спасило нејзиниот брат.

Зеница.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1