Момче и девојка скокнале во река држејќи се за раце во река, поради забранета љубов . Младиот пар бил спасен со брзата интервенција на полицијата.
Младиот пар од Подгорица А.К. (18) и нејзиното момче З.Т. (20) скокнале во реката Цијевина, затоа што против нивната врска било семејството на девојката.
По караницата со родителите на А.К., кои се противеле на нивната намера да стапат во брак, младите дошле до мостот на реката, во близината на Туз, и држејќи се за раце скокнале во надојдената вода.
Недалеку од местото ан скокот биле спасени и биле префрлени во Ургентниот центар во Подгорица.
Додека траела интервенцијата во болницата пред зградата се степале двете семејства, па полицијата повторно морала да интервенира и биле приведени родителите на девојката.