Анџелина Џоли откри – ги отстранила двете дојки поради ризик од рак


Славната актерка Анџелина Џоли за која веќе една година се шпекулира дека нешто и се случува, дека боледува од некоја болест конечно откри – во писмо кое самата го испратила до Њујорк тајмс открива дека направила операција со која ги отстранила двете дојки поради голем ризик од рак.

Hollywood Actress Angelina Jolie Attends A Foreign Office Briefing On Preventing Sexual Violence In ConflictНејзината мајка починала од рак на дојката по 10 годишна борба со него и лекарите откриле дека Џоли има ген поради кој за 87% се зголемува ризикот од рак на дојка и 50% ризикот од рак на јајници.

Оние кој го имаат BRCA1 генот имаат 65% ризик од добивање на рак и затоа одлучивме да не ризикуваме и да се подложам на операција. направив двојна мастектомија,, вели Џоли

Џоли, 37, која има шест деца – три од Пит и три посвоени на 27 април, завршила три месеци од медицински процедури кои се вклучени за отстранувањето на дојките и среќна е што во овој период успеала тоа да го задржи во тајност, а сега сака да му каже на светот во надеж дека ќе им помогне на другите жени кои се соочуваат со истото.

Џоли открива дека првиот од трите постапки бил на 2 февруари – прво и се отстранети дојките а потоа ставени импланти 9 недели подоцна.

“Имало многу напредок во оваа постапка во последните неколку години, а резултатите може да бидат убави”, пишува таа.
“Мојата шансите за развој на рак на дојка се намали од 87% до под пет проценти. Можам сега да им кажам на моите деца дека тие не треба да стравуваат дека ќе ме изгубат поради на рак на дојка.”

Таа додаде: “Смирувачко е што не се гледа ништо што е непријатно. Може да се види само мала лузна и тоа е тоа. Се друго е само мама, иста како што и секогаш била. Тие знаат дека јас ќе направам се’ за да бидам што подолго со нив. На личен план, не се чувствувам помалку жена. Се чувствувам горда што донесов силна одлука, која во никој случај не ја намалува мојата женственост. Среќна сум што имам партнер како Бред Пит, кој е толку многу полн со љубов и поддршка. Секој кој има жена или девојка која минува низ ова, треба да биде токму како него. За време на операцијата беше секоја минута со мене. Успеавме да најдеме моменти да се смееме заедно. Знаевме дека ова го правиме за доброто на семејството.”

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1