Пет ресторани на “Мекдоналдс“ во Скопје и уште неколку во Македонија, од вчера осамнаа под клуч.
На вработените од Мекдоналдс им било кажано да не одат на работа неколку дена., дознава Лидер. Од неофицијални извори порталот дознава дека во моментов се прави попис на имотот . Дали ќе се продава франшизата и ќе има промена на сопственичката структура, засега нема одговор од раководството на компанијата.
Надлежните инспекции велат дека тие не стојат зад затворањето на рестораните, туку одговорот треба да се бара внатре во компанијата.Со “Мекдоналдс“ во Македонија менаџира М6, фирмата во доминантно мнозинство на Свето Јаневски, поранешен прв човек на “Скопска пивара“.Во рестораните во “Мекдоналдс“ во Македонија вработени се над 200 луѓе.