На мајката Ирена Петровиќ наместо да и се врачи пресудата од судот во Брисел е уапсена и затворена во белгискиот женски затвор Укле. Детето е во Македонија, таткото не може да се контактира, се очекува одлука што би следело понатаму. Адвокатат го очекуваат да комуницира со надлежните институции во Македонија, Франција и Белгија.
„Во затвор..во женскиот затвор во Брисел… Го очекувам адвокатот, изминатата ноќ го поминав во притвор, денеска сум во друг затвор.“ напиша мајката Ирена Петковиќ на својот Facebook профил.
Нејзините пријатели на социјалната мрежа се обидуваат да и помогнат на било каков начин, се очекуваат понатамошни разјаснувања на случајот.
Инаку, скандалозната одлука на белгискиот суд е дека мајката Ирена Петковиќ наводно го киднапирала сопственото дете, и затоа е притворена на четири години казна затвор и до пола милион евра парична оштета која треба да плати на таткото. Пресудата се уште не беше врачена, само ја има видено според нејзини тврдења, како и целата судска постапка е водена без нејзина официјална покана и во отсуство на рочиштата.
Според тврдењата на Ирена, таткото кој освен законските постапки, не покажал никаква реална грижа за детето, всушност нема директен контакт со ќерката но и одбива секаков комуникација со неа.
Сепак, на малолетната К.Ж. е изадено државјанство од 2009 година со согласност од таткото. Додека јурисдикцијата е добиена по 3 месеци од одбивањето на Хашката Апликација за враќање на детето, и по престојот на истотот повеќе од една година во држава каде што е однесено. Поточно има два основа за која Република Македонија има јурисдикција за решавање на старателство на ќерката и ден денес.
Судските пресуди и полицски акти, со кои им е одземена слободата на движење, е очигледна, но едноставно од тука и не може ништо да се направи. Нејзиното заминување беше со примарна и императивна цел на разрешување на целата ситауција, со надеж со брзо и ефективно работење на судските и полициски органи, во интерес на детето, да го решат случајот со цел мајката и детето да бидат повторно заедно, мирни и слободни.
Голготата за Ирена Петковиќ започна кога пред две години беше малтретирана од нејзиниот партнер поранешен висок функционер на EУ. Судот никогаш не и го има одземено старателството, само физичката грижа била пренесена на таткото, оставајќи на мајката да ја гледа еднаш неделно на 8 часа. Тоа е времена мерка до следното пресудување која тралеа околу 2 месеци, а мајката и таткото имаат поделено старателство и во двете земји.
Според тврдењата на Ирена пред да замине, од тогаш до ден денес било каков акт на добра волја од страна на таткото нема.
Нетпрес