На мајката Ирена Петровиќ наместо да и се врачи пресудата од судот во Брисел е уапсена и затворена во белгискиот женски затвор Укле. Детето е во Македонија, таткото не може да се контактира, се очекува одлука што би следело понатаму. Адвокатат го очекуваат да комуницира со надлежните институции во Македонија, Франција и Белгија.

Нејзините пријатели на социјалната мрежа се обидуваат да и помогнат на било каков начин, се очекуваат понатамошни разјаснувања на случајот.
Инаку, скандалозната одлука на белгискиот суд е дека мајката Ирена Петковиќ наводно го киднапирала сопственото дете, и затоа е притворена на четири години казна затвор и до пола милион евра парична оштета која треба да плати на таткото. Пресудата се уште не беше врачена, само ја има видено според нејзини тврдења, како и целата судска постапка е водена без нејзина официјална покана и во отсуство на рочиштата.
Според тврдењата на Ирена, таткото кој освен законските постапки, не покажал никаква реална грижа за детето, всушност нема директен контакт со ќерката но и одбива секаков комуникација со неа.
Сепак, на малолетната К.Ж. е изадено државјанство од 2009 година со согласност од таткото. Додека јурисдикцијата е добиена по 3 месеци од одбивањето на Хашката Апликација за враќање на детето, и по престојот на истотот повеќе од една година во држава каде што е однесено. Поточно има два основа за која Република Македонија има јурисдикција за решавање на старателство на ќерката и ден денес.

Голготата за Ирена Петковиќ започна кога пред две години беше малтретирана од нејзиниот партнер поранешен висок функционер на EУ. Судот никогаш не и го има одземено старателството, само физичката грижа била пренесена на таткото, оставајќи на мајката да ја гледа еднаш неделно на 8 часа. Тоа е времена мерка до следното пресудување која тралеа околу 2 месеци, а мајката и таткото имаат поделено старателство и во двете земји.
Според тврдењата на Ирена пред да замине, од тогаш до ден денес било каков акт на добра волја од страна на таткото нема.
Нетпрес