Македонецот Сашо Филковски и Ванеса Фарчиќ вчера попладне биле пронајдени мртви во населбата Гиравејн во Перт Австралија.
Телата на починатите биле пронајдени во две куќи на растојание помало од 100-тина метри. Според досегашните информации, осомничен за двојното убиство е сопругот на Ванеса и другарот на Филковски, Никола Стоески.
Стоески и Фарчиќ биле примерно и дружељубиво семејство. Филковски бил тренер, сметководител и ИТ-консултант кој стопанисувал спортска сала во Гиравејн. Неговите познаници велат дека и тој бил примерен граѓанин. Ванеса и Никола во неделата го прославиле вториот роденден на своето второ дете.
Осомничениот Стоески денеска ќе биде изведен пред истражен судија.