Кејти Лителвуд (15) загина кога, во близина на нејзиниот дом во Британија, ја прегази воз.
Истрагата заклучила дека трагедијата се случила затоа што девојката не можела да го слушне на возот кои се движел со 100 километри на час, на дел од железничката пруга каде таа обично преминувала кога си одела дома. Во времето на несреќата имала слушалки во ушите и најверојатно зборувала со пријатели преку телефон или пак слушала музика. Не далеку од местото каде полицијата го пронајде телото биле пронајдени и слушалици и нејзиниот iPhone.
Според зборовите на еден полицаец кој бил во кабината на машиновозачот во времето на несреќата, возачот трубел упорно но таа не се вртела, кога го забележала возот веќе било прекасно за да се тргне од пругата. Машиновозачот бил вон себе и цело време викал:” Зошто не се сврте, зошто не се тргна? ”
Стивен машиновозачот изјавил дека не се работи за самоубиство бидејќи таа одела со грбот свртена кон возот и не го забележала воопшто се до последниот миг.