Фотографијата на кој што близнаците родени на 9 јануари се држат за раце го обиколи светот.
Малечките Даниел и Марио Диез не издржале да се одвоени ниту еден миг па веднаш по раѓањето ги испружиле рачињата еден кон друг и се фатиле. Близнаците се родени во болница во Шпанија, а оваа прекрасна глетка ја овековечила една од медицинските сестри која била запрепастена и восхитена од глетката.