Новоизбраниот папа за време на миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан, извел егзорцизам врз едно момче во инвалидска количка, јави италијанскиот дневен весник “Ла република” и се повика на италијанската телевизија ЦЕИ ТВ 2000, која го снимила наводниот егзорцизам.
На снимката се гледа како папата концентрирано ги поставува своите раце врз главата на еден млад човек кој е на плоштадот Свети Петар, придружуван од свештеник.
Додека папата ја кажува молитвата, младиот верник почнува да се тресе – целата сцена наликува на филмовите со истерување на ѓаволот, пишува весникот.
Сепак, Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, изјави дека папата не спровел егзорцизам, туку само се молел за болниот верник.