Видео: Папата снимен како врши егзорцизам врз човек во количка


Новоизбраниот папа за време на миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан, извел егзорцизам врз  едно момче во инвалидска количка, јави италијанскиот дневен весник “Ла република” и се повика на италијанската телевизија ЦЕИ ТВ 2000, која го снимила наводниот егзорцизам.

papа-2На снимката се гледа како папата концентрирано ги поставува своите раце врз главата на еден млад човек кој е на плоштадот Свети Петар, придружуван од свештеник.

Додека папата ја кажува молитвата, младиот верник почнува да се тресе – целата сцена наликува на филмовите со истерување на ѓаволот, пишува весникот.
Сепак, Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, изјави дека папата не спровел егзорцизам, туку само се молел за болниот верник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1