Најчитаниот текст на интернет – 6 сурови вистини


Статијата под наслов „Шест сурови вистини што ќе ве направат подобра личност“, за сајтот cracked.com кои го напишал бестселерот писател чиј псевдоним е Дејвид Вонг, е најчинана на интернет.

Од декември минатата година, истиот текст го прочитале речиси девет милиони луѓе, 329,000 пати бил лајкнат на фејсбук, а 114,000 пати на сајтот за пребарување на „StumbleUpon“, каде што луѓето оценуваат и го препорачуваат најдоброто од интернетот, било да се во прашање текстови, слики или видеа.
Прочитајте па проценете сами зошто е текстот толку популарен:

writing-pen„Слободно престанете да читате ако имате сјајна кариера, ако сте одушевени со својот живот, или сте среќни и задоволни со вашата врска. Вие работите одлична работа и сите се горди на вас.
За се останато, еве еден мал тест: Наведете пет најимпресивни работи во врска со вас. Но постои штос – не смеете да говорите што сте (на пример, добар сум, искрен сум), туку само тоа што вие го правите (на пример победив на шаховски турнир, готвам најдобро јадење во градот)
Ако тоа ви е тешко, тогаш ова е вистинскиот текст за вас. Тоа е она што луѓето велат дека би сакале ова да го знаат уште од порано.
На светот му е важно само она што може да го добие од вас.
Замислете ја за момент следната ситуација: Некој кого го сакате, лежи повреден на улица и крвари.
Притрчува случаен минувач и ве турка на страна, вадејќи џебен нож за да ја изврши операцијата на лице место.
Вие го прашувате: „Дали сте вие доктор?.

А тој ви вели: „Не сум, но затоа сум добар, искрен и никогаш не каснам. Добар сум кон мајка ми и живеам богат живот полн со различни хобија и никогаш не зборувам со полна уста“.
Вие збунето го прашувате на кого му е тоа важно, кога лицето кое што го сакате крвари на улицата, а тој ве напаѓа колку сте себични и површни, затоа што не ги цените неговите квалитети.

covek_zagrizenЕве ја суровата вистина во светот на возрасните: „Вие сте во таа ситуација секој ден. Со тоа што, вие сте збунетиот човек со џебното ноже. Сите останати во општественото друштво се повредените кои што лежат на улицата и крварат.
Ако сакате да знаете зошто тоа функционира на начин на кој што општеството ве отстранува, или како да не добивате доволно почитување, тоа е поради тоа што светот е преполн со луѓе на кои што им требаат работи. Треба да направат куќа, им треба храна за да јадат, им треба забава им треба исполнета сексуална врска.

Вие сте се нашле на местото на несреќата со џебното ноже од моментот на раѓање – моментот кога ќе дојдете на светот, ќе станете дел од системот кој е создаден исклучиво за заштита на човековите потреби.

Или ќе тргнете со задача да се грижите за оние кои имаат потреба, така што ќе добиете единствени сет на вештини, иле друштвото ќе ве отфрли, без оглед колку сте добри, дарежливи или пристојни. Ќе бидете сиромашни, сами и изолирани.
Дали е тоа злобно, грубо или материјалистички? Што е со љубовта и добрината – Зар тоа не е важно? Сигурно. Се додека нивниот резултат е да, вие работите, правите добри дела за луѓето, кои на друго место ваквата добрина не можат да ја добијат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1