Според првичните информации до кои дојде Курир, во моментов се одвива голема акција против најголемата и најорганизраната група во македонското подземје позната како кумановска група.
Првичните информации велат дека досега се приведени осум лица и се вршат повеќе претреси. Осомничените биле под опсервација веќе подолг период, а се трага и по други лица.
Десетици македонски граѓани и директно и преку банки имаат пријавено дека групата против кого се одвива акцијата финансиски ги оштетила преку сметки, а покрај македонски, оштетени се и странски државјани.
Осомничената група податоци крадела преку Интернет и директно од картичките. Повеќе детали за големата акција МВР најавува за утре.
Курир.мк