Без стрии и лузни по природен пат – 5 природни борци кои помагаат


Ако сакате да ја намалите видливоста на вашите дамки, лузни и стрии, обидете се со овие 5 природни борци.

АЛОЕ ВЕРА

striiМногу моќна билка која успева да продре во најдлабоките слоеви на ткивото, делува антибактериски, го забрзува заздравувањето на рани и изгореници, го стимулира производството на нови клетки на кожата. Ја смирува и ја навлажнува кожата.

Примена: Скинете парче лист од Алое Вера и со сокот од листот намачкајте ја лузната. Оставете да се исуши и немојте да ја миете кожата на истото место. Со сокот може да ги намачкате било кои суви делови од вашата кожа. Нема проблем да се става и на лице.

КОКОСОВО МАСЛО

coconut_oilМасните киселини од ова масло претставуваат силен антиоксиданс. Маслото има антибактериско дејство, лекува воспаленија на кожа, ја обновува и ја штити кожата од бактерии и делува превентивно против стрии.

Примена: Секој ден нанесете го маслото на оштетеното место на кожата.

СОК ОД МОРКОВ

Морковот е полн со витамин А, кој поттикнува зараснување на рани и лузни, и витамин Ц, кој служи за негување и хранење на кожата. Каротенот во морковот ја одржува кожата во здрава форма, а и дава и свежина.

Примена: Измешајте сок ​​од морков со 1 лажичка морска сол и нежно масирајте со течноста на лузната. Оставете да се исуши и измијте со топла вода.

lesniciМАСЛО ОД ЛЕШНИК

Ја хидратизира, ја освежува и ја храни кожата. Ги намалува стриите, црвенилата на кожата и испуканите капилари. Брзо продира во кожата, ја тонизира, ја затегнува и на тој начин ја одржува нејзината еластичност и цврстина.

Примена: Секој ден со маслото намачкајте се на површината на оштетената кожа и оставете да се впие.

МАСЛО ВИТАМИН Е

Дејствува како антиоксиданс, кој спречува формирање на бактерии на кожата и го забавува процесот на стареење на лицето. Содржи анти-воспалителни својства и е многу ефикасно за изгореници, лузни и стрии.

Примена: Нанесете го маслото на оштетената кожа и оставете го да се впие. Наместо масло, можете да користите и витамин Е во капсули.

 Интересно.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1