Бејта ja запре изградбата на крст во дворот на црква


По вчерашниот протест на дел од жителите Албанци и Турци во гостиварското село Здуње против почетокот на изградбата на крст во дворот на црквата „Свети Ѓорѓија“, градоначалникот Бејта денеска со експресна реакција, пишува Канал5.

zdunje crkva“Од информациите кои усмено ми ги соопштија жителите на село Здуње, дека во дворот на православната црква “Свети Ѓорѓија“ се гради крст, како  градоначалник постапив онака како што предвидува законот. Го испратив инспекторатот по урбанизам на самото место и тие таму увиделе дека е поставен бетонски базамент. Инспекторите донесоа решение за запирање на работите. Дадена е наредба да се отстрани базаментот изграден без дозвола“ стои во денешното соопштение од градоначалникот на Гостивар Невзет Бејта.

Според него до општината Гостивар не е поднесено никакво барање за таква иницијатива.

“Секторот за урбанизам не добил никакво барање од страна на гореспоменатата црква за изградба на таков објект. Јас ги повикав претставниците од православната црвка на средба и ги запознав за револтот на жителите од селото, било Албанци било Турци“, истакнува Бејта кој е убеден дека нема да продолжи изградбата на крстот во село Здуње.

Kanal5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1