Како да направите Ѓомлезе или ,,тури потпечи,,


gjomlezeПотребно:
1,5 кг брашно
1 јајце
2 л вода
100 мл масло за јадење
малку сол

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги брашното и водата и изматете ги со миксер. Треба да добиете каша слична на кашата за палачинки.

– При матењето додадете го јајцето и посолете.

– Земете округла тепсија и намачкајте ја убаво со масло. Над маслото ставете од кашата со брашно (потенок слој) и рамномерно распоредете ја по дното на тавата.

turi-potpeci– Вака подготвената тепсија ставете ја во претходно загреана рерна (доколку немате вршник) на 200 целзиусови степени и печете ја кората додека не поцрвени. Бидете во близина на рерната да внимавате да не ви изгори кората.

– Откако ќе поцрвени кората извадете ја тавата од рерна. Над печената кора ставете масло и повторно слој од кашата со брашно. Повторувајте ја истата постапка се додека не ја потрошите целата каша.

– Кога ќе биде готово ѓомлезето извадете ја тавата од рерна и оставете малку да се излади.

– Пред служење исечете го ѓомлезето на ромбови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1