Норвешка под вода – евакуирани стотици луѓе


Стотици луѓе се евакуирани денеска од своите домови во Норвешка, по поплавите предизвикани од поројни дождови и топење на снегот од планините, јавија норвешките медиуми, пренесува МИА

Поради поплавите и лизгање на земјиштето затворени се околу 50 патишта и две железнички линии.

norway-floods

Силни врнежи изминатите неколку дена го погодија североисточниот дел на Норвешка. Во средата наврнаа 60 милиметри дожд на метар квадратен, а метеоролозите денеска најавија уште 30 милиметри во областите што најмногу се погодени.

Точниот број на евакуирани е тешко да се одреди, бидејќи областите погодени од поплавите се географски разделени, но според медиумите станува збор за околу 500 лица.

Во градот Квам, во југоисточниот дел на земјата, домовите ги напуштиле околу 250 лица.

Поплавите предизвикаа голема материјална штета, но засега нема информации за повредени и загинати лица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1