Резолуцијата за Македонија предложена од Ричард Ховит, вчера беше усвоена со 505 гласа за и 61 против. Преку неа, Европскиот парламент уште еднаш побара од Советот на ЕУ да отпочне преговори со земјава во јуни оваа година.
При гласањето, беа усвоени и амандманите на Јелко Кацин и Норица Николаи, со кои се бара воспоставување на експертската комисија за настаните од 24 декември, нова ревизија на избирачкиот список, односно неизбалансираното изборно известување во медиумите, додека амандманите на Корнелисен за грчкиот предлог за името како основа за преговорите и на Чарлс Танок, беа отфрлени.
Инаку, европските и македонските парламентарци се скептични дека земјата ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ на самитот во јуни, и покрај последната резолуција во Европскиот парламент.