Во Египет десетина мажи убиле мајка и нејзините две ќерки.
Мажите биле роднини на жртвите. Тие ги убиле жените поради морални престапи, или „убиство од чест“, соопшти еден од египетските безбедносни функционери.
Тој денеска изјавил дека мажите се посомневале, оти трите жени имале афери и ги убиле за да ја заштитат честа на семејството, пренесе АП.
Трите тела се пронајдени во реката Нил, во близина на античкиот град Луксор.
Ваквите убиства се чести во Египет, посебно во контраверзната јужна област, каде жените често се убивани ако бидат фатени во прељуба, бидејќи со тоа им се нанесува срам на семјствата.