Мајка и ќерки убиени поради честа на семјството


Во Египет десетина мажи убиле мајка и нејзините две ќерки.

egipetМажите биле роднини на жртвите. Тие ги убиле жените поради морални престапи, или „убиство од чест“, соопшти еден од египетските безбедносни функционери.

Тој денеска изјавил дека мажите се посомневале, оти трите жени имале афери и ги убиле за да ја заштитат честа на семејството, пренесе АП.

Трите тела се пронајдени во реката Нил, во близина на античкиот град Луксор.

Ваквите убиства се чести во Египет, посебно во контраверзната јужна област, каде жените често се убивани ако бидат фатени во прељуба, бидејќи со тоа им се нанесува срам на семјствата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1