Туристи внимание – сладоледот во Рим е ,,живо џабе,, само 60 евра за 4 сладоледа (Фото)


smetka sladoled

Наместо да го почуствуваат магичниот вкус на италијанскиот сладолед, група британски туристи се шокирале кога во една слаткарница во Рим ја добиле сметката за четири сладоледи.

Тие за четири корнети морале да платат дури 64 евра!

– Се чуствувам како некој да ме ограбил, но што можев да направам, вели еден од огорчените туристи.

Целиот случај стигнал и до медиумите, па поради тоа се огласи и еден италијански политичар.

– Тие се оправдано бесни поради тоа што го доживеале и такво нешто не смее да биде дозволено. Мора да постојат казни за таквите локали кои им наплаќаат срамно високи цени на туристите, рекол огорчениот локален политичар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1