Патник на комерцијален лет на една американска авиокомпанија е уапсен денеска, откако е забележан како се обидува да ја отвори вратата за евакуација за време на слетувањето на авионот.
Другите патници успеале да го запрат и врзат за седиштата, јави АП.
Претставничка на Федералното истражно биро рекла дека патниците на летот од Алјаска до Орегон забележале дека 23-годишниот Александар Мајкл Ерера, кажал неколку „невообичаени изјави“ пред да се обиде да ја отвори вратата.
Ерера сега се наоѓа во притвор.