Сакал да ја отвори вратата од авионот во лет – го совладале патниците


avion patniciПатник на комерцијален лет на една американска авиокомпанија е уапсен денеска, откако е забележан како се обидува да ја отвори вратата за евакуација за време на слетувањето на авионот.

Другите патници успеале да го запрат и врзат за седиштата, јави АП.

Претставничка на Федералното истражно биро рекла дека патниците на летот од Алјаска до Орегон забележале дека 23-годишниот Александар Мајкл Ерера, кажал неколку „невообичаени изјави“ пред да се обиде да ја отвори вратата.

Ерера сега се наоѓа во притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1