Катар планира да изгради вештачки остров во вредност од 5,5 милијарди долари во близина на главниот град Доха, каде ќе има хотели во кои ќе бидат сместени и посетителите на Светското фудбалско првенство 2022.
Предвидено е да се изградат и луксузни вили и пет пловечки хотели на крузери.
Проектот денеска беше претставен во Доха од локалниот промотер за недвижнини „Барва Риал Истејт“ со поддршка од државните фондови на Катар.
Хотелите ќе имаат капацитет да примат околу 25.000 гости.