Од канализациска цевка е спасено новороденче во Кина, откако го фрлиле во тоалет и и била пуштена вода која го одвлекла во канализационата мрежа.
Бебето се заглавило и биле повикани пожарникари од страна на жителите кои од тоалет на четвртиот кат од станбена зграда слушнале плач на бебе.
Полициски службеник од градот Џинхуа за државните медиуми во Кина изјави дека бебето преживеалео, а лицата кои го напуштиле се сомничат за обид за убиство.
Бебето било старо само два дена, првичните обиди за извлекување од тоалетот не дале резултати по што била исечена дел од цевката од која во болницата било извлечено бебето.