Секој земјоделец ќе мора да води евиденција за препаратите и да ги запишува периодот и дозата на употреба, а ако применува отровни производи за заштита, предвидена е глоба до 12.000 евра.
Ако се појават некои болести и штетници на растенијата на нивите што ги одгледува, должен е во најкус можен рок за тоа да ги извести Земјоделската инспекција и Фитосанитарната управа. Во спротивно ризикува да заработи казна од дури 12.000 евра. Ова се само мал дел од измените на законите за заштита на растенијата и за саден и семенски материјал, кои веќе стапија во сила од средината на месецов.
Kазни има и за увозниците што пуштаат во промет саден и семенски материјал без официјални етикети, ако го препакуваат без официјално да се обележи како да се задржи квалитетот на семето и на садниот материјал
Земјоделците генерално ги поздравуваат новодонесените закони. Велат дека малку потешко ќе оди со евиденцијата на третирањето со средствата за заштита на растенијата.