Огромни казни за сите што ќе ги прскаат овошките со отрови


Секој земјоделец ќе мора да води евиденција за препаратите и да ги запишува периодот и дозата на употреба, а ако применува отровни производи за заштита, предвидена е глоба до 12.000 евра.

prskanjeАко се појават некои болести и штетници на растенијата на нивите што ги одгледува, должен е во најкус можен рок за тоа да ги извести Земјоделската инспекција и Фитосанитарната управа. Во спротивно ризикува да заработи казна од дури 12.000 евра. Ова се само мал дел од измените на законите за заштита на растенијата и за саден и семенски материјал, кои веќе стапија во сила од средината на месецов.

Kазни има и за увозниците што пуштаат во промет саден и семенски материјал без официјални етикети, ако го препакуваат без официјално да се обележи како да се задржи квалитетот на семето и на садниот материјал

Земјоделците генерално ги поздравуваат новодонесените закони. Велат дека малку потешко ќе оди со евиденцијата на третирањето со средствата за заштита на растенијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1