Деца веќе не смеат да шетаат кучиња – само полнолетни, ако не следуваат казни


kuce seta

Кучињата миленици ќе може да ги шетаат само полнолетни лица и тоа исклучиво доколку животното е врзано и со маска.  Сопствениците се обврзуваат и на влезот од дворот, на вратата, да постават табличка со назнака дека чуваат куче, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Ќе се воспостави и регистар на опасни кучиња и ќе се воведе тест за социјализација кој треба да ја утврди нивната евентуално зголемена агресивност.

Се уште не се дефинирани опасните раси кучиња, но, веројатно тоа ќе бидат оние раси кои се добиени со вкрстување и кои се ризични за луѓето, велат во АХВ.

Согласно измените, лицата кои чуваат миленичиња, не ќе смеат да ги напуштаат. Во ваков случај, законската казна е 750 евра за правно и 150 евра за физичко лице.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1