Владата одлучи: Абортус само еднаш годишно


matka porogjaj bremenostПрекин на бременоста нема да може да се изврши ако од прекинување на претходната бременост не поминала една година, освен во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност за животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето.

Ова, пишува „Дневник“, се предвидува со предлог-законот за прекин на бременост, кој по скратена постапка влезе во собраниска процедура.

Ако жената сака да ја прекине бременоста по 10-тата недела, ќе мора да има одобрение и од првостепена комисија за прекинување на бременоста.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1