Ќе поскапуваат јајцата со новите европски закони кои мора да ги воведеме!


Поден наместо кафезен систем за одгледување несилки предвидуваат измените во Законот за благосостојба на животните. Ова, според Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе ја зголеми цената на јајцата, бидејќи продукцијата при ваквиот начин на производство е помала.

2011-04-05-08-40-58-4-the-egg-yolk-color-is-determined-by-what-the-hen-aКако што рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, со измените на Законот ќе се забрани одгледувањето животни за произведување крзно, како и за нивно користење во циркус.

Посебна, независна, стручна комисија ќе одлучува и како ќе се третираат животните, дали и колку ќе може да се користат во научни цели.

Законските измени треба да се донесат најдоцна до јули годинава, но рокот за воведувањето на оваа новина е пролонгиран и треба да се реализира најдоцна шест месеци до влезот на Македонија во ЕУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1