Македонец уапсен во Перу, шверцувал дрога


Македонец е уапсен на аеродромот Хорхе Чавез во Лима главниот град на Перу откако е откриено дека се обидел да прошверцува кокаин. Во истиот авион кон Мадрид сакале да се качат уште двајца Шпанци и двајца Перуанци кои се обиделе да шверцуваат кокаин, пренесува Канал 5 телевизија.

COCAINE-630x40753-годишниот Мирко Њ. е уапсен од страна на перуанската полиција на аеродромот во Лима минатиот викенд кога се обидел во сувенири и занаетчиски производи да сокрие 1,5 килограми кокаин, објави шпанскиот интернет портал Информациа. Полицијата го открила и го уапсила македонскиот државјанин.

Македонецот бил уапсен заедно со уште 4-ца Шпанци и Перуанци кои со истиот авион за Мадрид се обиделе да прошверцуваат вкупно 16 килограми кокаин. Сите работеле независно еден од друг, но полицијата ги открила.

Повеќе на Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1