Доколку сакате да најдете љубов, Интернетот ви нуди илјадници алатки што ви стојат на располагање, Од големи страни за состанување како eHarmony до екстремно специфични страни и мобилни апликации за состанување. Имате многу опции доколку барате партнер.
И доколку барате нешто нормално, Grindr и Bang With Friends се вистински погодок. Ромасата е голем бизнис за дигиталните платформи и сервиси. Но распаѓањето на романсата е помалку видлива. Останува фактот дека многу бракови завршуваат со развод, а разводот знае финансиски и емоционално да ве уништи. Едноставно Интернетот денес зазема многу аспекти од нашите животи, па логично е и да влијае и на разводи.
Беше потребно време, но сега постои Weworce, нова онлајн услуга за да ја направи разделбата колку што е можно поедноставна. Weworce користи процес во шест чекори и се обидува да ја минимизира потребата од скапите услуги на адвокатитие со вработување на еден адвокат- медијатор за да ги води двојките во постапката на разведување.
Но се прашувате зошто да го користите Weworce, за да се разведете, а не традиционалниот начин? Затоа што Weworce, нуди многу поприфатливи цени од ангажирање на двајца адвокати, односно таксата се движи од 3000-15.000 долари, додека стандардниот развод може да чини многу повеќе. А исто така Weworce, ќе работи и на постапка на интернационални разводи, како и им нуди помош на двојките кои легално не се венчани, но им треба помош за поделба на заедничките средства и имот.
Weworce беше претставена пред општата американска јавност минатата недела, Доколку оваа веб страна ги задоволи барањата на клиентите, тогаш тоа би значело почеток на нова ера кога е во прашање процедурата за развод.