Знаете сајтови за наоѓање љубов – но дали знаете за Weworce веб страна за разведување?


Доколку сакате да најдете љубов, Интернетот ви нуди илјадници алатки што ви стојат на располагање, Од големи страни за состанување како eHarmony до екстремно специфични страни и мобилни апликации за состанување. Имате многу опции доколку барате партнер.

wevorce-650x0-300x212И доколку барате нешто нормално, Grindr и Bang With Friends се вистински погодок. Ромасата е голем бизнис за дигиталните платформи и сервиси. Но распаѓањето на романсата е помалку видлива. Останува фактот дека многу бракови завршуваат со развод, а разводот знае финансиски и емоционално да ве уништи. Едноставно Интернетот денес зазема многу аспекти од нашите животи, па логично е и да влијае и на разводи.

Беше потребно време, но сега постои Weworce, нова онлајн услуга за да ја направи разделбата колку што е можно поедноставна. Weworce користи процес во шест чекори и се обидува да ја минимизира потребата од скапите услуги на адвокатитие со вработување на еден адвокат- медијатор за да ги води двојките во постапката на разведување.

Но се прашувате зошто да го користите Weworce, за да се разведете, а не традиционалниот начин? Затоа што Weworce, нуди многу поприфатливи цени од ангажирање на двајца адвокати, односно таксата се движи од 3000-15.000 долари, додека стандардниот развод може да чини многу повеќе. А исто така Weworce, ќе работи и на постапка на интернационални разводи, како и им нуди помош на двојките кои легално не се венчани, но им треба помош за поделба на заедничките средства и имот.
Weworce беше претставена пред општата американска јавност минатата недела, Доколку оваа веб страна ги задоволи барањата на клиентите, тогаш тоа би значело почеток на нова ера кога е во прашање процедурата за развод.

socialnet.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1