Новинарот Кежаровски во притвор – колегите на протест


Со свирчиња, транспаренти и извици „Слобода за Кежо“ стотина новинари денеска излегоа на протест пред Основниот суд Скопје 1, барајќи ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од весникот Нова Македонија. Истражниот судија завчера му одреди 30-дневен притвор, исто како и на останатите седуммина уапсени во полициската акција „Ликвидација“, во врска со убиството на Лазар Милошевски во велешкото село Ореше во 2005 година.

protest novinariГлавниот и одговорен уредник на Нова Македонија Зоран Димитровски тврди дека апсењето на Кежаровски е демонстрација на сила. Според него, од страна на новинарот воопшто нема извршено дело, затоа што тој не го открил идентитетот на заштитен сведок, туку открил дека полицијата „мести“ лажен сведок.
„Кој не само што призна дека е лажен сведок, туку ја разоткри и целата мафијашка структура и од ДБК и од Министерство за внатрешни работи и од селото Ореше што сакале со сила да го натераат да го направи тоа.“

Тој вели дека, без да се прејудицира вината, бара судот да му дозволи на Кежаровски да се брани од слобода. Како образложение на притворот, истражната судијка навела дека може да бега од правдата, затоа што имал 3-4 мобилни телефони и тешко било да се лоцира каде се наоѓа, а и на некои свои пријатели знаел да не им се јавува, што е смешно образложение, вели Димитровски и додава дека како основ на притворот е наведено и дека други може да влијаат врз него, а и дека тој може да влијае на јавноста.

Radio Slobodna Evropa

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1