Цела Република Чешка ја следеше бременоста на младата мајка со првите петорки зачнати по природен пат. Општина Миловица ќе им помогне да застананат на нозе првате години.
Среќната мајка Александра (23) вчера во Прага, Република Чешка, роди пет бебиња, четири момчиња и девојче, по природен пат, за само 5 минути.
Двата двојајчани близнаци Мајкл и Даниел, девојчето Тереза и близнаците Мартин и Алекс се здрави и имаат околу 1,2 кг. Лекарите ги пордија со царски рез и веднаш биле префрлени во инкубатор на интензивна нега, бидејќи се родени во 31 недела од бременоста.
– Тројки и четворки се исклучително ретки, а природно зачнати петорки е вистинско чудо.
Исто така, неверојатно лекарите да одржат бременоста повеќе од 30 недели – вели д-р Питер Јанко, кој неодамна во Брно породил четворки.