Викендот се случила експлозија на бензинската пумпа на “Макпетрол” на улицата “Беласица” во Скопје. 43-годишниот А.М. од скопското село Миладиновци си наточил гориво-плин во својата “лада” и при стартување на автомобилот, дошло до експлозија во делот на моторот.
Освен “ладата”, настрадала и “опел вектра” која била паркирана во непосредна близина.
А.М. заработил повреди и веднаш бил пренесен во Градската болница во Скопје, каде му биле констатирани изгореници од втор степен.
Vecer