Тежи 410 милиони евра, а нема ни секретарка и сам си вари кафе


Санди Чешко, најбогатиот Словенец според листата на “Форбс” иако тежи 410 милиони евра, според стилот на живот наликува на обичен работник.

sandiТој е еден од ретките богаташи на Балканот кој нема статусни симболи како јахта, викендичка, ниту скап часовник. Овој крал на директната продажба нема ниту секретарка, сите работи ги прави сам. Неговиот бизнис го започнал со космодиск”, а сега е крал на душеците дормео”.

Неговите компании “Студио модерна” со “Топ шоп” се најголема фирма за ТВ-продажба во Источна Европа која работи во повеќе од 20 земји. Сепак сопственикот на оваа империја и втор на листата на Форбс на најбогати на Балканот никогаш не се замислувал во сопствена јахта, бидејќи има повеќе идеи од пари со кои располага.

Моето его се задоволува да бидам меѓу најдобрите во она што го работам, а не врз основа на она што сум го купил за себе.

sandi cesko2

Луѓето очигледно мислат дека успехот се мери со должината на јахтите, бројот на викендички и други луксузни атрибути. Јас немам ништо од тоа”, вели Чешко во интервју за српски Блиц”. Тој додава дека веројатно го има најскапиот велосипед на светот. Во тој производ за десет години инвестирал повеќе од пет милиони евра, а оваа година ќе го пласира на пазарот.

Кралот на душеците на телaфонските повици одговара лично, сам си резервира хотели и авиокарти, а преку мејл комуницира со своите партнери. Тоа, како што вели, му се чини сосема нормално! Тој во интервјуто потенцира дека секретарката би му пречела, и би го успорувала. “Во модерно време клучна е блиската соработка и комуникација со соработниците”, вели Чешко.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1