На Јутјуб се појави до сега не видена и тајна видео снимка на која се прикажува како за „влакно“ е избегнат судир помеѓу авион во кој патувале 100 лица и беспилотно летало во Авганистан.
На видео- снимката јасно се гледа дека судирот помеѓу авионот и беспилотното летало е избегнат само благодарение на присебната реакција на пилотот на авионот.
Видеото е снимено со камерата поставена на беспилотното летало од марката Луна.