Во нацистичка униформа бара старателство врз Адолф Хитлер (Фото/Видео)


_rasista

Хит Кембел(40) неонацист од САД, вчера во нацистичка униформа се појавил пред судот во обид да го убеди дека им е добар татко на неговите четири деца од кои едното го нарекол – Адолф Хитлер.

Овој неонацист и расист признал дека на своите деца им давал имиња инспириран од нацизмот, но тврдел дека во секоја смисла е подобен да им биде добар родител и дека никогаш не ги злоставувал.

Хит со поранешната сопруга Дебора имал четири деца: Адолф Хитлер(6), Џоселин Аријан Нејшен(5), Хонзлин Хинлер(4) и најмалиот Хонс, кој од родителите бил одземен веднаш по раѓањето, во 2011 година. Останатите три деца биле ставени под старателство на државата во 2009 година поради насилството што се заговарало во семејството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1