Во „Фервекс“ има бактерија ентерокока – затоа се повлекува (Фото)


Медикаментот против грип „Фервекс“ има бактерија ентерокока, која може да предизвика реакции како гадење, повраќање и дијареја.

ferveksОва го утврдиле властите во Франција, кои извршиле детални испитувања на овој медикамент, објави романската новинска агенција „Медиафакс“.

Како што претходно објавивме, минатиот месец аптеките во земјава, кои го продаваат „Фервекс“ добиле известување од дистрибутерот на овој лек да го повлечат од продажба бидејќи било утврдено дека во одреден тип на овој производ има нетипично микробиолошко присуство.Според известувањето на производителот Bristol Myers Squibb (BMS), упатено до увозникот за Македонија, „ФармаСвис“ и до дистрибутерот во земјава „Промедика“, „Фервекс“, поради микробиолошко присуство, мора да се повлече од продажба до ниво на аптеки, како мерка на претпазливост и тоа во најкус можен рок.

Но, во ивестувањето не беше наведено поточно кое е штетното микробиолошко присуство во „Фервекс“.

Foto – Netpress

bakterija-ferveks-dokaz-01

bakterija-ferveks-dokaz-02

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1