Драма во Сараево: Заробени Македонци – вицегувернерката на НБРМ Кадиевска и нејзин соработтник


Вистинка заложничка драма вечерва се случува во парламентот на БиХ во Сараево. Демонстрантите кои протестираат пред зградат,а го блокираа парламентот и не дозволуваат никој да излезе, пренесува Вечер.

parlamentbih0606Во Парламентот во моментот се наоѓаат пратениците на пратеничкиот дом на БиХ како и учесниците на конференцијата на гувернерите на земјите од југоисточна европа на кои исто така не им е дозволено да излезат од зградата. Меѓу заробените е и еден член од македонската делегација од НБРМ.

На оваа конференција отпатува и вицегувернерката Маја Кадиевска Војновиќ која според информациите на ВЕЧЕР успеа да излезе и се чувствува добро. Гувернерот Димитар Богов вечерва за ВЕЧЕР изјави дека е во постојан контакт со нашата делегација и се надева дека оваа драма ќе заврши што побрзо. Српските медиуми вечерва јавуваат дека три лица веќе побарале лекарска помош но демонстрантите не дозволиле лекарите од итна помош да влезат во зградата на парламентот.

Протестите во Сараево вечерва добија на интензитет бидејќи пратениците не успеале да се договорат околу добивањето на единствениот матичен број за новороденчињата. Иницијалната каписла беше тромесечното бебе кое не можело да отпатува на лекување во странство бидејќи немала единствен матичен број.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1