Едно лице загина, а едно е тешко повредно, кога сканија со македонски регистарски таблички се превртела во близина на Белград, јави националната телевизија РТС.
загинал совозачот, а возачот на камионот бил тешко повреден. Екипите на Брзата помош, возачот го транспортирале во Ургентниот центар. Портпаролката на Брзата помош, Нада Мацура за агенцијата Тањуг изјавила дека совозачот кој загинал е на возрадст од 28 години, а тешко повредениот возач имал 34 години. Дали станува збор за макеоднски државјани, сè уште нема официјални информации.
Сообраќајката се случила во 5 часот утрово, а камионот се превртел на автопатот во близина на Белград.
Видео и ФОТО:РТС