Има 15 години – има свој бизнис и заработи милион долари


Петнаесет годишната Медисон Робинсон дизајнира апостолки за нејзината фирма „Fish Flops“ и најверојатно е една од најбогатите тинејцерки на оваа возраст бидејќи веќе има свој бизнис и милион долари.

news_43273Таа започнала со овој бизнис кога имала само осум години. Ги дизајнирала првите апостолки, а кога му ги покажала на својот татко тој и дал пари да започне свој бизнис. Пред две години ја претставила првата колекција која имала 9 примероци. Дизајнирањето и тргнало одлично на Медисон и ја проширила понудата со маици, шорцеви и други парчиња облека.

Почнала да пишува и книга за деца, а наскоро планира да лансира апликации и видео игри кои ќе се случуваат под море. Во меѓувреме и нејзиниот татко започнал да работи за неа.

Продажбата на апостолки се врши преку нејзиниот сајт, а има склучено договори и со неколку продажни места, каде продала 60.000 апостолки.

japanke_ff

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1