Припадниците на Единицата за борба против криминалот “Алфа“ во текот мај годинава при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 801 лица, извршен е преглед на вкупно 66 патнички возила, а по разни основи вкупно приведени се 346 лица, соопшти полицијата.
По основ на телеграма приведени се 51 лица, по основ на Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 29 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 70, по извршено кривично дело – 24 лица, на лице место во вршење на кривично дело – 10 лица, за издржување на казна затвор – петмина, за утврдување на идентитет – едно лице, странски државјани со нерегулиран престој – 10 лица и за држење недозволени предмети – шест лица.
Од приведените деветмина учествувале во тепачки, четворица се сомничат за физички напад, едно лице омаловажило полицаец, 30 лица го нарушиле јавниот ред и мир, а деветмина нападнале полицајци.
Со оружје „алфите“ фатиле 3 лица, додека поради поседување опојни дроги приведени се 57 лица.
Меѓу другитр, три лица се приведени поради управување на моторцикл без документи, а при преглед на патнички возила приведени се 24 лица.
„Алфите“ исто така при вршење претрес пронашле моторцикл што потекнува од извршено кривично дело; ланче и златен привезок што потекнуваат од извршено кривично дело; Пиштол марка Бровинг кал.7,65 со четири куршуми; два пиштола марка Глок и марка Џерико; пиштол Ц.Застава кал.7,65 со рамка со 7 куршуми и две маскирни униформи со амблеми УЧК; како и 100 парчиња муниција од различен калибар.