Македонец кандидат за градоначалник на Париз


Кристоф Најдовски, француски политичар со македонско потекло е избран од членството на „Европа Екологија Зелените” за нивни кандидат за градоначалник на Париз на изборите закажани за пролетта 2014 година, пренесе МИА.

hristophe-najdovskiКристоф Најдовски има македонско потекло и во Париз ќе ги одмерува силите со Натлаи Косциуско-Моризе од редовите на десната УМП и Ан Хидалго од редовите на социјалситите.

Зелените се дел од сегашнито мнозинство во Париз, каде Кристоф Најдовски е помошник на градоначалникот.

Кристоф Најдовски (43 години) од симпатизерите на Зелените беше избран во вториот круг, кога доби 51,86 проценти од гласовите, пред Жак Буто кој е градоначалник во Вториот париски арондисман со 46,11 проценти од гласовите, откако во првиот круг беа елиминирани шест други кандидати.

Кристоф Најдовски е релативно непознат за пошироката француска јавност, а може да се рече и во Париз, но тој за својата кандидатура ја доби поддршката од министрите Сесил Дуфло и Пскал Канфан и од претседателот на групата на зелените во францускиот горен дом (Сенатот) Жан-Вансан Пласе и заменик претседателот на француското Национално Собрание Дени Бопан.

Зелените исто како и во 2008 година, одлучија при првиот круг на општинските избори да не склучуваат сојуз со Социјалистите.

На својот блог, Кристоф Најдовски вели дека е роден во 1969 година во Париз од родители кои дошле во Франција од Југославија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1