Во несреќата што се случи денеска, кога двокатен автобус, кој превезувал ученици од Данска, удрил во мал железнички мост во Минхен, при што беа повредени 40 лица, еден од нив едно претрпе сериозни повреди.
Од ударот едниот кат од автобусот бил откорнат. Пожарникарите во Минхен, велат дека возачот веројатно го занемарил знакот за дозволена висина на возилата кои можат да минат под мостот која е ограничена на 3,4 метри во височина.
Портпаролката на полицијата, Александра Шмајц рече дека учениците, на возраст меѓу 16-19 години, се хоспитализирани, и дека 17-годишниот ученик кој е потешко повреден е до повреди на главата и ‘рбетот.
Дански конзулат во Минхен беше информиран за несреќата.