Познатиот Џон Ленон и неговата сопруга Јоко Оно во 1969-та година му напишале писмо на Јосип Броз Тито.
Во писмото биле испратени и два желади. Идејата на легендарниот пар била сите светски лидери кои влијаат во мирот во светот, во своите градини да насадат даб и да сфатат дека планетата е најважна.
„Драг господине, во овој пакет ви испраќаме два желади со надеж дека ќе ги засадите во вашата градина, поради мирот во светот“, пишува во писмото кои го испратиле Ленон и Јоко Оно.