Нема летање преку Француските аеродроми – во штрајк ќе се од вторник до четврток


Синдикатите на француските работници во воздухопловството најавија штрајк од вторник до четврток, а авиокомпаниите во тој период би требало да го намалат бројот на летови на поголемите аеродроми, соопшти денеска француската Управа за цивилно воздухопловство.

feu-artifice-trocadero-juillet-2011-cadran-hotel-parisВо соопштението авиокомпаниите се повикуваат двојно да го намалат бројот на летови на аеродромите во Париз, Лион, Ница, Марсеј, Тулуз и Бордо.

Синдикатите протестираат поради плановите на ЕУ да го либерализира цивилниот воздушен простор во рамки на иницијативата „Единствено европско небо“, која предвидува укинување на националните граници во управувањето со воздушниот простор.

Целта е да се овозможи безбедно и ефикасно користење на воздушниот простор и системот на управување со воздушниот сообраќај во границите на ЕУ и надвор од неа

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1